Ford се мачи да ја „вдоми“ големата количина на непродадени електрични автомобили

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Ford има голем број непродадени електрични мустанзи Mach-E. Инаку, тоа е многу добар (ако не и одличен) електричен SUV, но Ford очигледно погрешно пресметал со производството, оставајќи 17.000 непродадени возила.

Тоа е претходната моделска година на теренецот, а залихите се „расфрлани“ низ САД. За да се ослободат од автомобилите, газдите на Ford сега им дозволија на своите дилери да ги стават на пазарот за изнајмување.

Компанијата им плаќа на дилерите 1.750 долари дополнителни давачки за секој Mustang Mach-E што ќе го претворат во изнајмен автомобил, пренесе „HAK“.

Промената стапи на сила на 15 јануари и им овозможува на дилерите да го наведат Ford Mustang Mach-E од 2023 година во програмите Ford Rent-A-Car (FRAC) и Daily Dialer Rental (DDR).