Пристигна новиот Mustang, потврдено е и доаѓањето на верзијата V8 во Европа, а вестите се чини дека немаат крај.
Имено, заедно со официјалните фотографии од новиот Mustang, објавени се и голем број официјални скици, а меѓу нив се појави и скица на автомобил кој никогаш не бил во линијата на Ford.
„Велигденското јајце“ на Форд е скица на купе со четири врати. Кристофер Стивенс е автор на дизајнот, како и во случајот со другите скици.
Сепак, со ова е проширена линијата на покривот, додадени се пар врати, а епилогот е многу привлечна силуета која лесно може да се комерцијализира. На крајот на краиштата, успехот на моделите како Panamera или Audi A5/A7 говори сам за себе.
За овој модел не се објавени официјални планови, што донекаде е и очекувано во општата поплава од кросовери и теренски возила. Сепак, има надеж.
На крајот на краиштата, пред неколку години, кој можеше да помисли дека кросовер модел, електричен (Mustang Mach-E), ќе го носи името Mustang?