Главните приходи на терористите им се од уцена на милионите луѓе кои живеат под бруталност и рекет

Воените авиони на САД и коалицијата започнаа брзо растечка воздушна кампања против извориштата и нафтените бунари, рафинерии и дупчења на станици на “Исламска држава” во последните неколку дена, поддржувајќи ги воените мисии до моментов. Тие имаат за цел уништување на цистерни и уривањето на објекти кои ја формираат структурата на шверцот со нафта на групата.
Целта на воздухопловните удари е да ја уништат способноста на “Исламска држава” да заработува од заземени нафтени полиња, но дури и ако нападите го постигнат тоа, екстремистите сепак ќе имаат многу пари на располагање, коментира Foreign Policy.
Сепак најважните приходи на воената група доаѓаат не од сурова нафта, туку од уцена на милионите луѓе кои живеат под бруталното им управување на надгледуваната територија во Ирак и Сирија. Во јули Даниел Глејзер, помошник-секретар при Министерството за финансии, изјави дека “Исламска држава” украла огромна сума пари од десетина банки кои ги заземале во Мосул, Ирак, во 2014 година Најголемиот извор на приходи на групата сепак е сосема поинаква: уцени. Принудувањето на 8 милиони. Луѓе да плаќаат пари преку уцена обезбедува на “Исламска држава” е стотици милиони долари годишно, вели Глејзер, како екстремистите бараат да се плаќа за сè – од собирање на ѓубрето и гориво за греење до патарините. Продажбата и шверцот на нафта е рангирана на трето место, додава тој.
Тоа значи дека американската воздухопловна кампања во моментов можеби е помалку ефикасна отколкушто се надеваат американските претставници. Администрацијата на претседателот Барак Обама до пред време исклуи уништување на цистерни или големи делови од нафтената инфраструктура на Сирија поради ризикот од човечки жртви и стравувања за трајно уништување на нафтените објекти, кои на земјата ќе и требаат по крајот на војната, велат официјалните претставници.Оваа внатрешна дебата заврши на 21 октомври, кога американските воени авиони почнаа удри по некои од најголемите сириски нафтени полиња, блокирајќи ги барем привремено нивните активности.
“Исламска држава” контролира поголемиот дел од главните нафтени полиња на Сирија од 2014 година, и пумпи за дупчење на сите најголеми полиња – Сиџан, Азрак, Абу Харди, Танака и ал-Омар, а примаат удари од околу 12 акции од почетокот на кампањата минатиот месец. Во бомбардирање рано во понеделникот беа уништени 116 цистерни во близина на сириско-ирачката граница, откако од воздух беа пуштени флаери, предупредувања за возачите за тоа дека аќе следат удари, велат воени претставници.