Форин полиси: Се претвара ли извозот на американски гас во геополитичко оружје

од desk3
113 прегледи

Минатата недела огромен танкер беше натоварен во државата Луизијана со илјадници тони американски природен гас. Овој брод влезе во историјата, откако влекачи го одделија од пристаништето и го изведоа на отворено море – за прв пат од пред речиси 50 години коха се изнесуваше гас во странство од 48 држави на земјата. Ова исто така стана кулминација на повеќегодишните спорови како енергетскиот бум на САД може да му обезбеди на Вашингтон ново геополитичко оружје во форма на снабдување на евтина енергија за сојузниците во Европа и Азија.

gas1

И така да ги избави од зависноста од огромните гасни резерви на рускиот надмоќен владетел Владимир Путин. Единствениот проблем е тоа што првата серија на суровина, носена од (100 илјади тони) танкерот Asia Vision, беше упатена не во Европа, чии земји се обидуваат да излезат од руската зависност, туку во Бразил. Ова покажува дека улогата на САД како извозник на енергестки суровини – при целото значење за реконструкцијата на светските пазари на енергија – нема да стане автоматски одреден геополитички инструмент кои држави како Русија го користат за одбрана на своите национални интереси.
Серијата гас, натоварена на терминалот компанија Cheniere Energy во пристаништето Пасс, во државата Луизијана, е само почеток на идните испораки на американски природен гас чии приноси пораснаа благодарение на користењето на фракингот во последниве години. Сега компанијата Cheniere Energy гради уште еден терминал за извоз во Тексас, има и уште 4 терминали, кои ќе влезат во употреба во 2018 година. Пред 10 години САД беа подготвени да станат голем увозник на природен гас, а денес земјата планира да стане еден од најголемите во светот извозници на течен природен гас – односно да се нареди до Катар и Австралија.
Од оваа причина, многумина во Вашингтон и сојузничките држави радосно ги тријат рацете. Државниот секретар Џон Кери, слично како многумина конгресмени и аналитичари во Вашингтон, зборува во последните години за можноста од користењето на природниот гас, за да се намали влијанието на Русија во Европа преку доставата на енергенси. Пак и самите европски лидери не една година ги молат САД да обезбедат енергестки достави и неодамна отворија врати за дополнителни испораки на гас од други држави (освен од Русија), за да се ослободат од влијанието на Москва.

gas2

Властите на Литванија – мала држава, која речиси целосно зависи од испораките на руски гас – ги очекуваат првите серии американски гас во својот неодамна изграден терминал за добивање на течен гас. Но за САД енергетскиот бум, а сега и поволниот извоз е првенствено достигнување на приватниот бизнис, а не нешто што се раководи од Вашингтон .
Несомнено самиот факт дека САД стануваат голем производител на нафта и гас предизвика верижна реакција во светот, вклучувајќи и меѓу држави, чии интереси се спротивни на интересите на САД. Вишокот на природен гас порасна благодарение бумот на фракингот, и покажува дека на светскиот пазар дополнителна понуда за гас имало уште пред товарењето на танкерот Asia Vision. Дури само тоа го принуди рускиот “Газпром” да преиспита голем број договори со европските купувачи. “Не може да се каже дека за нас се појавило ново енергетско оружје. Но ние имаме нешто што го слабее оружјето на нашите противници”, коментира Ендрју Холанд од аналитичкиот центар American Security Project.

САД и Русија се ривали, кои во Сирија имаат потреба еден од друг

Всушност тоа дека американските компании добиваат – и веќе се подготвени да извезуваат – огромно количество гас, но тоа не значи дека суровината ќе стане дел од арсеналот на политичарите во Вашингтон. Другите земји, собирачи на големи количини енергенси, можат да го користат производството и извозот на јаглеводороди како средство за одбрана на своите национални интереси – било како обид да ја затворат устата на соседите, кои одбиваат да им се потчинуваат (како што прави Русија); било како гаранција за постоење на пријателски режими во соседните земји (како што правеше Венецуела спрема Куба); било како прекин на испораките на главната во светот суровина (како што правеше ОПЕК за време на ембаргото во 1973-1974 години).
Дури држави кои само се трудат да станат извозници на енергенси (како Израел) се надеваат да ги користат отворените богатства за постигнување на своите цели – како на пример обновување на односите со Турција или обидите да се воспостават добри односи со соседните арапски држави како Египет или Јордан. Но за САД енергетскиот бум, а сега и поволниот извоз е првенствено достигнување на приватниот бизнис, а не нешто што се раководи од Вашингтон. Американските дипломати кои работат во странство, велат дека се зафатени од молби за снабдување на евтина енергија во различни земји. Тие дури веќе се уморни да објаснуваат дека енергетскиот бизнис е воден не од Стејт департментот или Министерството за енергетика, туку од приватните компании. И за нив главното е економијата, а не политиката. Американските компании ќе продаваат гас на купувачи, кои ќе се подготвени да ја платат највисока цена, а тоа ќе се случува во земји кај кои не е задолжително да помогнат максимално за решавањето на стратешките задачи на САД. На пример, првата серија гас, оди во Бразил, бидејќи на оваа земја и треба гас, за да продолжи работата на ХЕЦ-те, запрени поради сушата и недостигот на водни ресурси.

gas3

Дури само поради таа причина не треба да се потпира на употребата на американски извоз на енергенси за стратешки цели – како на пример за искоренување на наглото намалување на испораките на гас некаде во Европа. Има и друга причина да се сомневаме во геополитичкото влијание на енергетските испораки од САД: околу 90% од потенцијалните количини на извозниот гас во терминалот Пасс веќе се резервирани за приватни компании во Велика Британија, Шпанија, Индија и Јужна Кореја. Британските компании како BG Group, најверојатно, ќе го препродаваат гасот на корисници од други земји, но повеќето корисници најверојатно ќе го користат американскиот гас за свои држави – како горива за автомобили и за греење на становите. Покрај тоа, фактот дека извозот од САД ќе сго турне пазарот, кога светот буквално се капе во природен гас, прави уште потешко да се потпира на особени политички поени.

Такви држави како Катар и Австралија веќе испорачуваат на светскиот пазар огромни количини течен гас, а новите играчи од Канада, Источна Африка, Источниот Медитеран и Иран се стремат на секој начин да се испорача на светскиот пазар уште повеќе гас. Се соочуваат со такво обилие од понуди и многу американски компании за гас ги намалуваат приносите. Проблематична е и практичната реализација на идејата дека американскиот гас може да ја спаси Европа од Москва. Всушност, во Европа има многу терминали за течен гас и многу од нив работат далеку не со целосна моќност. Но овие терминали се наоѓаат првенствено во Западна Европа – особено во Шпанија, а не во земји како Литванија, Украина, Унгарија или Бугарија, кои се принудени да зависат од испораките на руски енергенси. Тоа не значи дека во американскиот енергетски бум нема позитивни фактори. Дури само можноста за пристап во одреден момент до дополнителни резерви може да биде поволна за држави кои се наоѓаат во тешка положба. Пример Литванија штеди во плаќањата за гас, откако “Газпром” ги преиспита условите на договорот со неа, бидејќи Вилнус изгради лебдечки терминал за прифаќање на гас од други земји, иако во терминалот не доби никакви резерви.
Дури само присуството на други извори на снабдување на енергенси, без разлика колку серии реално ќе пристапат во Европа, веќе се јавува предност за земјите во Европа, кои веќе не една година се обидува да се прошират изворите за купување на енергенси. “Изгледа најсериозен аргумент за тезата дека извозот на течен гас од Америка има геополитичко значење, е верата на раководството на ЕУ дека овој извоз има геополитичко значење”, вели Џенифер Харис од Советот за меѓународни односи и авторка на книгата “Војната со други средства: геополитика и вештината да се управува државата “(War By Other Means: Geoeconomics and Statecraft). Постојат и други значајни предности кои не се особено забележливи, како што се непредвидливи ситуации, како што вели Харис. Пример пред 10 години такви големи прозиводители на гас, биле земји како Русија, Иран и Катар и имаа доминантна положба на пазарот и дури продискутирале за создавање на гасен ОПЕК. Но, наместо тоа поради бум на екстракција на гас од шкрилци во Америка сега овие земји се борат да го задржат својот удел на пазарот. “За САД тоа е огромна геополитичка победа, иако таа да е незабележлива”, констатира Харис. / БГНЕС

———————————-

Кит Џонсон, “Форин полиси”.