Форумот на жени при ДОМ ја организира трибината насловена „Менструалната правда во македонското општество“

301 прегледи

Форумот на жени на ДОМ, денеска организира онлајн трибина на тема „Менструална правда во македонското општество” на платформата WEBEX.

Говорници на трибината ќе бидат пратеничката и претседателката на зелената партија ДОМ, Маја Морачани, Катерина Иванова, претставничка на невладината организација Хера, Јана Коцевска од невладината организација „Тиииит! Инк.“ и Наташа Доковска од организацијата „Новинари за човекови права”. Модератор на настанот ќе биде Теодора Крстевска

Трибината се организира со цел да се претстават релевантни истражувања за менструалните предрасуди и менструална стигма, со посебен фокус на менструална правда во македонското општество

 

Слични содржини