(ФОТО 18+) Ѕвездата од Хари Потер гол со пријателите во шума

од desk4
82 прегледи

Провокативни фотографии на британскиот актер Даниел Редклиф се појавија на интернет мрежата. На скандалозните снимки ѕвездата од сагата за малиот волшебник Хари Потер позираше сосема гол во шума, во друштво со други двајца господа без облека.

Малку подоцна, сепак стана јасно дека Редклиф не само така се нашол гол среде природата. Кадрите се од последниот проект во кој учествува младиот Британец, а филмот е наречен Џунглата.

Заедно со него, колегите Алекс Расел и Џоел Џексон мораа да останат голи.

Според приказната од филмот, тројцата се изгубиле во џунгла во Боливија. Приказната е инспирирана од вистински настани, а во епицентарот на активностите паѓа израелскиот турист Јоси Гинсберг, кој требало да преживее во амазонска џунгла на почетокот на 80-тите години на минатиот век.