200
Актерката Анџелина Џоли оваа недела беше фотографирана во Малибу, Лос Анџелес, во друштво на британскиот милијардер Дејвид Мајер де Ротшилд.
Според Page Six, Анџелина и Дејвид поминале три часа на ручек.
Кога излегле од ресторанот, Анџелина била во добро расположение. На средбата носела црн фустан, кој го споила со соодветни потпетици и очила за сонце.
Не е потврдено дали станува збор за љубовна средба или деловен ручек, иако се претпоставува дека средбата можела да биде од бизнис карактер бидејќи и двајцата изразуваат интерес за активизам.