(ФОТО) Avatr 12

од Vladimir Zorba
259 прегледи

На саемот во Минхен, премиера имаше електричниот фастбек Avatr 12, кој е втор модел на електричниот бренд создаден од Changan, Huawei и CATL.

Avatr 12 е изграден во ист стил и на иста основа како и кросоверот Avatr 11.

Во однос на димензиите, Avatr 12 е подолг (5020 mm) и поширок (1999 mm), но и понизок (1460 mm) од кросоверот Avatr 11.

Прочитајте повеќе:

Меѓуоскиното растојание е 3020 mm, додека тркалата се 20 или 21 инчи.

Во внатрешноста има централен екран на допир од 15,6 инчи, Nappa кожа, аудио систем со до 27 звучници и амбиентално осветлување се исто така достапни.

Палетата ќе вклучува верзии со заден и погон на сите тркала, додека моќноста се движи од 313 КС и 370 Nm до 578 КС и 650 Nm, во зависност од варијантата.

Со едно полнење на батеријата од 94,5 kWh, досегот е од 650 до 700 km.

Avatr 12 на кинескиот пазар ќе се појави во четвртиот квартал од оваа година (со пакети на опрема наречени Luxury, Elite и Sports), а почетокот на извозот е најавен за следната година.