
Белата Хадид несомнено е една од најинтересните ѕвезди во светот на модата. Во нејзиното последно интервју дадено за магазинот “Харпер базар”, младата Хадид сподели тајни и љубопитни детали за неа и за нејзиното семејство, за што досега не е јавно објавено.
20-годишната убавица открива дека верува во животот по смртта. “Имам цело семејство од ангели, кои ме заштитуваат. Според мене постојат убави духови кои не чуваат, но и ни помагаат кога ни треба. Така црпиме сили. Тие ми помогнаа во изминатата година “, рече Хадид.

Откако Трамп стана претседател, моделот и актерка продолжува да зборува нашироко за човековите права, особено за имиграцијата, пишува весникот.
Во април, Хадид рече дека е горда што е муслиманка. Во списанието, таа рече дека е близу до Арапките од Обединетите Арапски Емирати. “Често разговарам со Арапките, ние сме како сестри. Се чувствувам обврзана со нив “. Таткото на Хадид е бегалец, кој пристигнува со своето семејство во Америка од Палестина, кога била уште бебе.” За среќа успеал да дојде тука, иако било исклучително тешко во тоа време.
Сега веројатно е 100 пати посложено. Се натажувам кога помислувам дека многу луѓе не можат да дојдат, за да започнат нов и посигурен, и успешен живот тука за нив и нивните семејства.
Лудило е еден човек да одредува дали ќе имаш подобар живот “, раскажува уште Бела. Бела научила од својот татко, Мохамед Адид, да цени секој човечки труд.
Семејството на Хадид почна да живее во Америка речиси без пари. Нејзината мајка, Јоланда Хадид, исто така пристигна како и нејзин татко во Америка. На 16-годишна возраст таа заминува од родната Холандија за да побара подобар живот за себе. “И двајцата ме научија да ги ценам парите”, додава таа.