Многумина пророкуваа дека Бијонсе ќе се скрие од погледите до крајот на бременоста и ќе бара спокојство пред најважниот ден.
Ма какви! Ѕвездата постојано провоцира со лични кадри, а со последните фотографии ги полуде своите обожаватели.
Таа има издадено нешто како неофицијална фотосесија, а на сликите позира со ултра краток црн фустан со големиот нејзин стомак и со чизми над коленото.
Стајлингот бил по повод гостувањето на роденденот на Лоусон, сопруг на мајката на Бијонсе, Тина.
Колку навистина ѝ прилега овој изглед на една трудница, сепак останува прашање на (не)вкус.