(ФОТО)Бугарија на нозе: С.Македонија не заслужи да почне преговори, ова е грозно, а протесните ноти не вршат работа

418 прегледи

Бугарскиот новинар, Велизир Енчев посочува дека Министерството за надворешни работи на Бугарија треба итно да го повика шефот на дипломатијата на С.Македонија, Бујар Османи, непосредно по палењето на бугарското знаме во текот на карневалот во Вевчани.

„Што треба да се случи за да го направиме овој неизбежен чекор? Можеби пијана толпа треба да ја нападне бугарската мисија во Скопје за да го отповика нашиот амбасадор“, напиша Енчев на својата страница на Фејсбук.

Како што вели тој, Софија направила правилен избор што не го поддржала почетокот на преговорите на С.Македонија со Европската унија.

„Дури и на слепите и глувите лица на Балканот им е јасно дека во Република Северна Македонија постои антибугарско расположение, кое не може да се раскине со ниту еден договор за пријателство. Согласноста на Бугарија за влез на Северна Македонија во ЕУ ќе биде капитулација на незадржливиот македонизам“, посочи Енчев.

Инаку, во тој поглед на социјалните мрежи се огласи и бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски.

„Грозно, одвратно и брутално посегање по бугарското. Не дозволуваме сквернавење на националните симболи, како и на кој било друг вид на изразување на омраза, што е измама со сеќавањето на нашите предцит. Таквата Македонија не може да има место ниту во ЕУ ниту во цивилизираниот свет“,  пишува на неговиот твитер профил.

 

 

Слични содржини