382
Никол Кидман никогаш не признала дека направила естетски корекции, иако приказните за нејзините третмани кружат низ Холивуд со години.
Иако неодамна успеа да го „врати“ своето поранешно лице, пред неколку години беше мета на критики поради нејзиниот „замрзнат“ израз на лицето.
Кидман очигледно сериозно ги сфатила негативните коментари, па набрзо направила се за повторно да изгледа природно.
Нејзината последна фотографија, сепак, ги оживеа приказните за прекумерна употреба на ботокс. Таа на Инстаграм објавила насмеана фотографија, но многумина забележале дека нејзиното лице е невообичаено затегнато.
Дали е ботокс, или станува збор за фотошоп – останува непознато.