Илјадници жители на Индија се собраа за да го видат новороденчето момченце со четири нозе и раце, во градот Думри Исри. Според верниците новороденчето, за кое не се соопштува во каква состојба е, е реинкарнација на богот Ганеша – роден со слонска глава, кој е меѓу најпочитуваните божества во хиндуизмот.
Според “Мирор” теоријата за божественото потекло се одржува и од таткото на детето. Тој воопшто не се разочарал кога наследникот му се родил со такви сериозни аномалии.
За да ја искажат својата почит кон божеството пристигнале верници и од соседните градови. Еден од нив поминал 100 километри, за да го види детето.
“Кога ја видов сликата на ова дете, мислев дека тоа е фотомонтажа. Но потоа прочитав во весниците дека тоа всушност има четири нозе и раце. Тогаш веднаш тргнав на пат”, вели екстатичниот Индиец.
Дали детето е сеуште живо и како се чувствува неговата мајка, не се соопштува. Ова не е прв случај во Индија, при што децата со генетски абнормалности се сметаат за живи божества.
