На 51 Елизабет Харли нема потреба од супермодели за рекламирање на нејзината линија капење, бидејќи таа изгледа совршено. Прекрасната ѕвезда од “кралското семејство” демонстрира завидни форми во Instagram, со неколку слики од плажа и гиф, на кои е облечена во најновата креација – бел костим за капење, крстен по блиската нејзина пријателка Ел Макферсон.
Фановите на Лиз сосема полудеа и не се двоумеа да истурат куп комплименти под разголените секси снимки. “Неверојатна жена!” И “Како може уште да си неврзана?”, беа само дел од коментарите под селфијата.

Харли сепак изгледа не брза да се врзува. По неуспесите на врските со Хју Грант, Шејн Уорн и Стивен Бинг, кој е татко на нејзиниот син, таа сака да се фокусира на својата кариера и наследникот.

14-годишниот Демијан е единствениот маж кој е од интерес на бринетата и таа сè почесто го избира за придружник за време на јавните настапи.