Ива Чурич со својот талент и нежност ја маѓепса публиката и така си обезбеди влез во суперфиналето на „Икс фактор Адриа“. Младата Џаковчанка денеска го претстави својот прв сингл „Шеќер“ заедно со снимениот спот.
За песната се заслужни Мирко Вукоманович, чие дело е музиката, и Снежана Вукоманович која се потпиша на текстот.
„Чудно е како целииот живот толку брзо може да ти се промени и убаво е да се знае дека соништата можат навистина да се остварат“ -воодушевено изјави Ива при промовирањето на својата прва песна.