Пар геј мршојадци во германска зоолошка градина си посвоија јајце, кое го топлат, соопшти “Дејли мејл”, цитиран од агенциите. Пердувести Изис и Нордхорн зеле под свое старателство напуштено јајце од женски белоглав мршојадец на име Лиза. Тоа било истркалано од неа во калта под едно дрво.
Служителите во зоолошката градина зеле јајцето и го довериле на двојката геј мршојадци и тие со подготвеност почнале да го греат во гнездо што сами изградиле. Самата Лиза не направила обид да изгради свое гнездо. Не е познато дали јајцето било оплодена, ниту кој е таткото.

Двојката мршојадци специјално биле засолнати во зоолошката градина во Нордхорн во Долна Саксонија, за да учествуваат во програма за репродукција на видот. Но Изис и Нордхорн не пројавиле никаков интерес кон спротивниот пол. Но за сметка на тоа развиле еднополова приврзаност.
