Секој веќе знае што е селфи. А знаете ли што е зелфи?
Зелфи – тоа е селфи со зебра. Такво зелфи си направи млад Германец за време на сафари во зоолошката градина во Холт-Шукенброк, провинција во Северна Вестфалија.
“Јас запрев со автомобилот, за да погледнам зебра. Беа цело стадо крај патот. Една од нив се приближи. Беше љубопитна, пријателски настроена, а очигледно и гладна. За секунда го изеде морковот кој ѝ го дадов”, раскажува 24-годишниот Малта Вустефелд.
“Како што е ред, решив да си направам селфи со оваа зебра. Во моментот во кој го извадив телефонот, зебрата ја протна главата до мојата низ отворениот прозорец. Направив кул Зелфи, ха-ха! И двајцата сме насмеани”.