(ФОТО) Индиец облече кошула изработена од чисто злато

од Vladimir Zorba
88 прегледи

20160503.ysklwnngjn (1)

Индиец има кошула само од злато. Нестандардната облека тежи над 4 килограми и чини над 160 000 долари.
20 лица работеле во текот на два месеци за да изработат од златните нишки и да ги поврзат во една целина, соопшти Khaleej Times, цитира бугарската “Нова ТВ”.

zlato

Благодарение на нивните напори 47-годишниот Панкаж Парах дури влегол во Гинисовата книга на рекорди како “мажот со најскапиот златна кошула во светот”. Обично заедно со кошулата, тој носи и златен часовник, големи златни прстени и очила со златни рамки.