(ФОТО) ЈСП им ги цеди сметките на скопјани: „Патував еднаш, ми наплатија пет пати“

од Илинка Илиоска
7,8K прегледи

Скопјани веќе неколку дена алармираат за проблеми со електронската наплата во автобусите на ЈСП. Според нив, апликацијата за плаќање на билет преку мобилен телефон наплатува повеќе пати за едно возење или дури наплаќа кога корисникот не се возел.

„Имав 420 денари на електронскиот паричник, а за две возења ми наплатија 202 денари. Или мислат дека не проверуваме, или системот не функционира,“ се пожали еден корисник.

Друг пак вели: „Ми наплати пет пати за едно возење, а пораките пристигнаа половина час откако веќе бев симната од автобус.“

Некои граѓани забележуваат дека наплатата може да се активира дури и да не се вози некој во автобус. Велатдека е доволно некој само да се доближи и до автобус.

Оштетените граѓани апелираат до ЈСП да ги регулира неправилностите и да им ги врати парите. Други  предлагаат да се користат физички билети или картички за да се избегнат ваквите проблеми.

И.И.

Слични содржини