Кејт Бекинсејл дефинитивно е една од најубавите жени во Холивуд. Актерката изгледа зачудувачки за своите 43 години и едвај некој би ѝ поверувал дека има ќерка на 18 години. Па, да, но има! Лили е плод на љубовта со актерот Мајкл Шин пред неколку години, и оваа млада дама исто освојува позиции во Инстаграм со свои жешки фотографии.
Двете преубави дами, Кејт и ќерка ѝ Лили, објавија во понеделникот свои фотографии на кои позираат во костим за капење.
Ѕвездата од “Подземен свет” ја покажа својата неверојатна фигура облечена во костим за капење со цветни мотиви.
18-годишната Лили, пак, се сними во доста откроено бикини, кое ги потенцира облиците на телото. Горниот дел на костимот за капење е во јако црвено.

Само ден порано Кејт објави фотографија на која исто така е со црвено бикини. Случајност?
