236
Овогодинешните БАФТА награди ги надминаа очекувањата. Сите познати личности се потрудија да ги оправдаат своите ѕвездени титули, па имаше вистинска промоција на елегантни и оригинални фустани на црвениот тепих.
На црвениот тепих се појави и славната Кетрин Зета Џонс која позираше во златно-виолетова креација.
Таа за овогодинешната награда избра софистицирано и одмерено издание, а се потруди шминката да ја усогласи со виолетовата нијанса на фустанот.
Кетрин прошета во дводелен фустан, чиј горен дел се состои од светки и виолетова боја, додека подоцна се претвора во жолта со златен одраз и голем вел во иста боја.
Фустанот исто така беше проѕирен, а еден од деталите беше необичното деколте и прерамката на само едното рамо.