(ФОТО) Кетрин Зета-Џонс испрати романтична порака до Мајкл Даглас

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Британската филмска ѕвезда Кетрин Зета-Џонс наполни 48 години. Таа е родена на 25 септември, како и Мајкл Даглас, кој на истиот датум наполни 73 години. По повод двојниот празник убавата актерка го поздрави сопругот преку социјалната мрежа Instagram.

Таа на профилот објави слика на која се заедно и напиша: Една од нашите најрани средби, бокс меч во Вегас! Победа уште во првата рунда круг. Среќен роденден, драги!

Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас се венчаа во 2000 година и имаат две деца – сино Дилан Мајкл Даглас и ќерката Карис Зета Даглас.

Во 2013 година, тие привремено беа разделени. Паузата не беше лесна, бидејќи токму тогаш на Мајкл Даглас му беше дијагностицирана болеста рак, а Кетрин Зета-Џонс влезе по своја желба во центар за рехабилитација, каде се лекуваше од биполарно растројство.

И покрај проблемите, холивудската двојка повторно се заедно. Кетрин Зита-Џонс е родена во 1969 година во велшкиот град Свонси. Таа заработи светска слава со своето учество во филмовите како Маската на ЗороСтапициСообраќајЧикагоТермина и други. Во 2003 година таа освои Оскар за улогата во мјузиклот „Чикаго.

One of our early dates, a boxing fight in Vegas! You got me at round one. Happy Birthday darling.

A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) on