Познатиот актер Кевин Костнер неодамна го доби спорот против неговата поранешна сопруга Кристин Баумгартнер.
Имено, Кристин побарала огромна алиментација за нивните три деца, а судот на крајот одлучил да ја прифати сумата што ја предложил актерот, а не она што ја барала неговата поранешна сопруга.
Во саботата наутро, за првпат по судењето, Костнер бил виден во јавноста, а со него бил и неговиот четиринаесетгодишен син Хејс, кој го доби во бракот со Кристин.
Како што пишува „Page Six“, двајцата поминале околу еден час на појадок во Санта Барбара, а потоа заминале со автомобилот на актерот вреден 300.000 долари.
Актерот цело време бил прилично нерасположен, што е и очекувано со оглед на турбулентниот период низ кој минува.
Потсетуваме, покрај Хејс, Кевин со Кристин ги има и синот Кајден и ќерката Грејс, додека од претходните бракови и врски има уште четири деца.