Познатата актерка Ким Катрал се појави на црвениот тепих со своето момче Расел Томас, со кој е во врска од 2016 година.
За црвениот тепих избра црн мини фустан, без прерамки, а прошета заедно со 16 години помладиот партнер.
Инаку, Ким Катрал ретко се појавува во јавноста со новото момче, а досега беше трипати мажена. Прво беше во брак со Лери Дејвис, од кого се разведе во 1979 година. Неколку години подоцна, во 1989 година, таа се разведе од вториот сопруг Андре Џеј Лисон, а во 2004 година се разведе од третиот сопруг Марк Левинсон.
Актерката неодамна раскажа како го запознала Расел. Имено, тој бил многу упорен и ја замолил да излезат на вечера. Набрзо хемијата го направила своето, а како што таа неодамна открила, со него е многу лесно да се биде во врска.
„Не се познававме добро, освен што заедно излеговме во неколку ресторани. Но, одлично се сложувавме и останавме заедно. Многу ми се допаѓа неговата близина. Има неверојатна смисла за хумор и е вистински лек за очи“, изјавила актерката.