(ФОТО) КОЈ Е НАПАЃАЧОТ НА ГЕЈ БАРОТ ВО ОСЛО? Бегалец од Иран, се преселил во Норвешка на 12 години

од Nikola Popovski

Осомничениот за тероризам кој утрово беше уапсен за убиство на две лица и повредување на 21 лице во геј бар во Осло, е идентификуван како 42-годишен поранешен водоинсталатер роден во Иран.

Заниар Матапур е роден во Ирански Курдистан пред да дојде во Берген во Норвешка како бегалец на 12-годишна возраст, пренесува Дејли Мејл.

Тој рано утринава беше обвинет за две убиства, обид за убиство и тероризам по хомофобичен терористички напад во паб во центарот на градот.

Норвешката полициска служба за безбедност (ПСТ) го истражувала Матапур, која имал голем број ментални болести, но одлучила дека тоа „не претставува непосредна закана“, објави норвешката национална телевизија VG.

Осомничениот им бил познат на безбедносните служби од 2015 година, наведува „PST“.

Норвешкиот државјанин со иранско потекло досега бил казнет само за полесни кривични дела.

Фото: Jørgen Braastad / VG

Слични содржини