(ФОТО) Кралицата Елизабета го одбележа 100-тиот роденден на принцот Филип

од Nikola Popovski
314 прегледи

Кралицата Елизабета вчера го одбележа 100-тиот роденден на нејзиниот сопруг принцот Филип, кој неодамна почина.

По повод тоа, била создадена „Роза на војводата од Единбург“, која денес ѝ била врачена на кралицата. Опишана е како „неверојатна комбинација на розова боја со бели линии“.

Целиот приход од продажбата ќе биде исплатен на Фондацијата Војводата од Единбург, што ќе им даде шанса на младите да се развиваат.

Розата е засадена на терасата во Бакингемската палата, која принцот Филип ја дизајнирал лично.

Кралицата изразиа благодарност за споменот на нејзиниот сопруг и го посетила местото каде што била засадена розата.

Да потсетиме, принцот Филип почина на 9 април годинава. Тој беше погребан на 17 април по свечената церемонија на која присуствуваше само најблиското семејство.

Фото: Steve Parsons / PA Images / Profimedia

Слични содржини