Британскиот актер Даниел Крег, кој 15 години го толкуваше ликот на Џејмс Бонд, го прими истото одликување како и „агентот 007“ од рацете на принцезата Ана, сестра на кралот Чарлс Трети, пренесува AFP.
Орденот му беше доделен на 54-годишниот актер како признание за неговиот исклучителен придонес во филмот и театарот.
Актерот, кој пет пати го играше славниот агент на Нејзиното Височество, од „Казино Ројал“ од 2006 година до „Не е време за умирање“ од 2021 година, беше награден со Орденот свети Мајкл и свети Џорџ.
На приложената фотографија, може да се види Даниел Крег како се поклонува пред принцезата Ана за време на церемонијата во замокот Виндзор.
We’ve been expecting you…
🎖️The Princess Royal presents Daniel Craig with The Order of St Michael and St George – the same honour held by his character James Bond – in recognition of his outstanding contribution to film and theatre. pic.twitter.com/X20TP6BogL
— The Royal Family (@RoyalFamily) October 18, 2022