273
Мадона неодамна објави неколку фотографии на кои не личи на себе. Поп иконата често ја критикуваат поради користење на фотошоп, како и поради претерување со естетските корекции.
Таа сега објави неколку слики на Инстаграм на кои е видливо дека „претерала“ со затегнувањето на лицето, а многумина коментираа дека не личи на себе.
Да потсетиме, ова не е првпат пејачката да шокира на Инстаграм. Имено, пејачката неодамна сподели шокантни слики на кои ја гушка ВЦ школката, а градите не успеала да ги покрие со корсетот.