Во Индија жена роди сијамски близнаци кои имаат два пара раце, но ги делат сите останати органи, вклучувајќи и еден пар нозе. 24-годишната Шиврајо Деви ги родила во приватна клиника во населбата Буксар во источниот дел на земјата во средата вечерта. Состојбата на близнаците по раѓањето им се влошила и тие биле преместени во болница Садар во градот, за да бидат третирани во неонатална интензивна нега.
Д-р Раџ Гупта изјави: “Тие се едно од половината надолу. Се гледа дека имаат само едни гениталии, оние на женско. Иако вторите гениталии недостасуваат, ние претпоставуваме врз основа на цртите на лицето дека второто дете е момче. Тоа го прави случајот уште поредок, бидејќи вообичаено сијамските близнаци се од еден пол “.
Откако лекарите во болница Садар ја стабилизира состојбата на децата, тие биле испратени во поголема болница. Таму лекарите сепак им рекле дека во иднина децата може да бидат третирани само во Делхи, но двојката не може да си го дозволи тоа.
Мајката тврди дека воопшто не знаела дека иноси сијамски близнаци, и покрај бројните прегледи.
“Не можам да верувам дека моите деца се соединети. Скршена сум. Имав надеж дека лекарите ќе можат да ги спасат нивните животи, но тие им свртеа грб. Сега не знам што ќе се случува со нив “, рече мајката.


