ФОТО: Марта Стјуарт (81) позираше во костим за капење за насловната на познат магазин

од Stefanija Kuzmanovska
313 прегледи

Американската телевизиска легенда и писателка Марта Стјуарт (81) позираше за насловната страница на легендарниот магазин „Sports Illustrated“.

Марта Стјуарт е официјално најстариот модел на насловната страница на Sports Illustrated Swimsuit. Таа е една од четирите модели на насловната страница на овогодинешното издание, чија цел е да ги слави моќните жени кои „живеат во свет каде што не чувствуваат никакви ограничувања. Покрај неа, останатите модели беа актерката Меган Фокс, моделот Брукс Надер и музичарот Ким Петрас.

– Кога слушнав дека ќе бидам на насловната страница на Sports Illustrated Swimsuit, си помислив: „Ох, тоа е одлично, јас ќе бидам најстарата личност досега на таа насловна страница.“ Не размислувам многу за годините, но мислам дека ова е на некој начин историско, изјави Марта.

Таа беше фотографирана во Доминиканската Република од Рувен Афанадор, а на прашањето што ќе мисли нејзиниот пријател и чест соработник Снуп Дог за нејзината насловна страница, таа се насмевна и рече:

– Снуп ќе помисли дека тоа е фантастично.

– Да се ​​биде на насловната страница на мои години е предизвик, но мислам дека добро го направив тоа, заклучи Стјуарт.

Слични содржини