Музичката дива Џенифер Лопез (56), повторно е во центарот на вниманието, но овој пат не поради црвениот тепих, туку поради интимен поглед во нејзиниот живот зад сцената. Во средината на нејзината голема кариерна ренесанса, 56-годишната ѕвезда објави серија фотографии на својот инстаграм-профил кои воодушевија милиони следбеници и јасно ги покажаа нејзините моментални приоритети. Објавата дојде само еден ден по 98-то доделување на наградите Оскар, кое Лопез го пропушти седма година по ред, а нејзината содржина нуди совршен одговор на прашањето зошто.
Сега таа ја разбуди фантазијата на на многумина кога објави компилација од секси фотографии и покажа повеќе отколку што требало. Како што можете да видите, латино дивата позирала во сатенски мини фустан со асиметричен крој и без детали.
На објавените фотографии, Џенифер позира во тесен фустан во боја на кожа кој ја истакнува нејзината беспрекорна фигура. Во опуштена, но гламурозна атмосфера, ја гледаме како се релаксира на каучот со насмевка на лицето, а потоа и како стои покрај микрофонот, сугерирајќи дека музиката е секогаш присутна.
View this post on Instagram
Фустанот ја открил нејзината витка фигура и овој пат можеме слободно да кажеме дека сè беше во преден план. Витките нозе, кои беа централниот мотив на ова издание, градите, кои беа видливи под проѕирниот фустан – целото издание било знак на женска сексапилност.
Таа го заокружила изданието со универзален симбол на женственост – црвен кармин, но и златни додатоци и брановидна фризура.
Нејзиниот опис на објавата, „Кога шоуто завршува, но музиката продолжува… #SaveMeTonight“ совршено ја сумира енергијата со која зрачи.
Во коментарите, обожавателите ја опсипаа со комплименти и зборови на поддршка, оставајќи бројни емотикони од срца и аплауз, додека некои напишаа „кралица“, „прекрасна“и „најдобра“.
View this post on Instagram
Инаку, додека Холивуд се собра за најгламурозната ноќ во годината, Џенифер беше посветена на своите настапи во Лас Вегас, каде што има закажано концерти и следниот викенд. Нејзината одлука да ја прескокне церемонијата во корист на работата испраќа силна порака за нејзината посветеност. По разводот од Бен Афлек во 2024 година, Лопез во неодамнешно интервју изјави дека е во својата „среќна ера“, чувствувајќи се слободна и фокусирана на себе и на своите деца.
Оваа нова фаза е видлива и преку бројните проекти на кои работи. Со гласините за можна соработка со музичката ѕвезда Бед Бани, јасно е дека Џенифер Лопез е позафатена од кога било.
Џенифер истакна дека сега е во својата среќна ера, откако закрепна по болниот развод на краткиот брак со нејзината голема љубов, актерот Бен Афлек.