Родената во Србија 47-годишна Жаклина е најпривлечната баба во светот, пишува The Sun.
Како верен приврзаник на модата и социјалните сајтови Жаклина собира многу следбеници, откако редовно објавува фотографии на кои е пример за една дама.
Таа е и моден пример и ги демонстрира стилските додатоци, наведува весникот. Сликите се од различни градови во Италија, а Жаклина веќе има над 158 илјади следбеници.
Иако со неверојатна надворешност, жената веќе има две внуки, кои исто така се појавуваат во социјалните мрежи.
Според изданието, Жаклина живеела во Швајцарија, Франција и Полска. Жената се надева преку примерот ќе инспирира и други жени на нејзината возраст да не го занемаруваат својот изглед.
Видете ја Жаклина во галеријата.