Кариерата на Нејмар Џуниор е во пад, пред се поради се почестите повреди, но тоа не го спречува сè уште да капе во готовина од неговиот астрономски договор од 100 милиони долари годишно со Ал Хилал. И очигледно решил дел од парите да ги вложи во недвижен имот.
Така Нејмар купил пентхаус во Дубаи за цели 54 милиони евра во „Buggati residences by Binghatti“, првата и единствена куќа под брендот на моќниот „Bugatti“, од која застанува здивот.
Оваа вселенска зграда нуди 182 уникатни резиденции, секоја дизајнирана со уникатен распоред. Ова архитектонско чудо е врв на ултра луксузното живеење, сместено во „Бизнис заливот“ и идејата е секој дом да има ексклузивност.
Една од најистакнатите карактеристики е тоа што приватната плажа, инспирирана од француската ривиера, има и приватни лифтови за автомобили, што значи дека секој сопственик може да го внесе своето возило директно во својот дом. Исто така, единиците се многу пространи и вклучуваат приватен базен со панорамски поглед на центарот на Дубаи.
Купувањето на Нејмар е одраз на растечкиот тренд на светски познатите луѓе да го изберат Дубаи како своја база за недвижнини
Бразилскиот фудбалски мајстор игра во Саудиска Арабија, но бидејќи договорот му истекува на крајот од сезоната, сигурно е дека ќе го напушти Ал Хилал. Се шпекулира дека Интер Мајами би можел да биде негова идна дестинација.