Познатиот актер има луксузна викендичка во популарен дел на Лос Анџелес каде живеат многу јавни личности.
Силвестер Сталоне купи имот во луксузната зона на Лос Анџелес пред неколку месеци, а за овaa викендица издвои 18,2 милиони долари.
Актерот и неговата сопруга прво живееле во луксузна вила на Беверли Хилс, а потоа ја продале за 58 милиони долари на пејачката Адел.
Потоа се преселиле на Флорида, кога купиле вила во Мајами за 35 милиони долари. Сепак, актерот решил да купи викендица, па во неа вложил 18,2 милиони долари.
Луксузниот простор се наоѓа во делот на Лос Анџелес, Хајден Хилс, кој е заштитен од јавноста и покриен со камери, каде живеат многу јавни личности, меѓу кои Џастин Бибер, Бритни Спирс, Дрејк, а од неодамна и Вил Смит.
Викендицата на познатиот актер има дури 970 метри квадратни и се наоѓа на 2,6 хектари. Покрај главната вила има и помошна гостинска куќа, покрај базен и штала за коњи. Главната куќа, односно викендицата има четири спални соби и шест бањи. Имено, секоја спална соба има сопствена бања, а има и пространа кујна со гранитни пултови.