Белгиското издание DH.be објави слика, за која се претпоставува дека е на терористката која се саморазнесе во текот на полициската акција во париското предградие “Сен Дени”.

Нејзиното име е Хасна Аитбулехен. Таа е братучедка на организаторот на париските терористички напади од 13 ноември- Абделхамид Абауд.
26-годишната Французинка од мароканско потекло е родена во Париз, работела во градежниот бизнис и до 2012 година, според податоците на The Guardian, била под контрола на тајни служби.
Потоа мониторингот над неа е поништен, бидејќи таа не била вмешана во антивладини или во други криминални активности. Покрај тоа, органите на прогонот немале податоци за нејзините тесни контакти со братучедот нејзиниот 27-годишниот Абделхамид Абауд, кој се смета за организатор на серијата терористички акти во француската престолнина.