Кое е идеалното женско лице се обидуваат да откријат медицински лица од Лондонскиот центар за пластична хирургија.
Специјалистите направија портрет на идеалната жена. Истражувачите се потпирале на методологијата на computer mapping technique, пренесе Metro.
Според изданието, технологијата демонстрира измени, кои се неопходни за да стане правилна пропорцијата на лицата.
Така лекарите дошле до заклучок дека носот на актерката Амбер Херд е идеален во комбинација со брадата на Ким Кардашијан, очите на Скарлет Јохансон и формата на лицето на Ријана. Кон тоа додале усните на манекенките Емили Ратајковски и Кејт Мос.
Претходно хирурзите го определија лицето на Амбер Херд за најубавото во светот. Тоа се совпаѓа со 91,85 проценти со пропорциите кои се сметани за идеална формула на златниот рез.

Амбер Херд; Фото: Marie Claire