ФОТО: Откриена состојбата на бремената Кортни Кардашијан откако заврши во болница

од Stefanija Kuzmanovska
462 прегледи

Кортни Кардашијан и тапанарот Тревис Баркер чекаат бебе, а бремената старлета неодамна заврши во болница.

Според People, таа била хоспитализирана неколку дена и сега се вратила дома во Лос Анџелес. Поради целата оваа ситуација Тревис ја откажа турнејата со својот бенд „Blink -182“.

Имено, бендот објави дека поради „итна семејна ситуација на нивниот тапанар“ ги одложува своите настапи во Глазгов, Белфаст и Даблин и дека наскоро ќе соопштат нови информации.

Тревис потоа објави фотографија од аеродромот во Глазгов и напиша: „Ајде да се молиме заедно“, а Кортни се повлече од социјалните мрежи.

Двајцата се фотографирани како излегуваат од болница заедно, а се уште не е познато што се случило со Кардашијан.

Извор близок до парот за споменатите медиуми изјавил дека таа сега е дома и се чувствува подобро.

Слични содржини