Пејачката Данијела Мартиновиќ и нејзиниот колега Петар Грашо раскинаа по 24 години врска, по што тој се ожени со Хана Хуљиќ и со неа ја доби ќерката Алба.
Но, и Данијела ја најде својата среќа, и тоа покрај криминалниот инспектор Јосип Плавиќ.
Пејачката неодамна за медиумите откри како се запознале и како започнала нивната љубовна приказна.
„Првата средба се случи пред околу една година, кога адвокат преку Интернет поднесе пријава за кражба на идентитет во мое име. Случајот брзо беше решен, а потоа нашата приказна почна да се развива. Се започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Кога се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, погледи за животот и светот околу нас, дури и некои соништа“, изјавила Данијела за „Gloria.hr“.