Даглас Пит (55) со прекар Даг е три години помладиот брат на холивудскиот миленик Бред Пит, а иако се крие од јавноста, во работата е подеднакво успешен како и неговиот брат пред камерите.
За разлика од Бред (58), Даглас е претприемач, инвеститор и филантроп.
Бред е три години постар од својот брат, а за разлика од актерот, Даглас води хармоничен приватен живот. Со Лиза, Пит застана пред олтарот во 1990 година, а заедно имаат три деца – Лендон, Сиднеј и Реган.
Од 2010 година, Пит е амбасадор на добра волја за Танзанија и ја основал фондацијата „Care To Learn“, која ги финансира децата на кои им е потребна храна, хигиена и медицинска нега.
Сопственик е и на ИТ компанијата ServiceWorld, која ја основал во 1991 година, а се занимава и со продажба на недвижен имот.
Love learning about Brad Pitt’s brother Doug. Doug Pitt. pic.twitter.com/6hZEbOFBn7
— paige (@BonerWizard) July 28, 2019
Даглас често зборуваше за тоа дека фотографијата е една од неговите најголеми страсти и воедно омилено хоби, а повеќе од 20 години го прави токму тоа во слободното време. Тој има изложувано низ САД, а неговите фотографии се појавија во бројни американски и меѓународни списанија. Сака да вози велосипед и често пешачи со семејството и пријателите.
Иако многумина велат дека се два различни света, Бред и Даглас Пит имаат одличен однос, па редовно се слушаат и многу си даваат поддршка еден на друг. Иако не се гледаат така често поради природата на работата на Бред, тие се држат до својот однос и ја користат секоја прилика да се дружат.