Во близина на Лепосавиќ денеска е киднапиран Србинот Урош Вукашиновиќ, вработен во МТС, а за целиот случај се огласи и Канцеларијата за Косово.
„Апсењето на уште еден Србин на територијата на Косово, Урош В. од Лепосавиќ, што се случи утрово, е продолжение на тортурата на Албин Курти, кој ги користи сите средства за да предизвика конфликт со мирниот српски народ. Урош В. бил уапсен кога рано утринава отишол на работа, а бил уапсен од припадници на косовската полиција на Курти во цивилна облека, од кои едниот управувал дури и возило со таблички на КМ. Не станува збор за никаков криминалец, туку за 28-годишен дечко кој мирно тргнал на работа, знаејќи дека не е виновен за ништо“, се вели во соопштението.
Да потсетиме, како што објавија денеска медиумите, Урош бил киднапиран утрово додека одел на работа.