(ВИДЕО) Овоштарите до Заев: Не манипулираат прекупците кои се продолжена рака на власта

од desk3
87 прегледи

Претседателот на СДСМ,  Зоран Заев се сретна со земјоделците, производители на јаболко. Овоштарите се пожалија дека се манипулирани од страна на прекупци кои се продолжена рака на власта. Тие со поддршка на актуелната власт си поигруваат со трудот и маката на овоштарите.

jabolkober Pre (3)

“Се нудат банални, недостоинствени цени за трпезното јаболко, за индустриското да не говориме. Земјоделците не можат да си го наплатат трудот, а не да остане заработувачка”-вели еден овоштар.

Згора на сето тоа, на овоштарите прелажани од прекупците, во голем дел не им се исплатени средствата за предадениот род од претходни години.

jabolkober Pre (2)

Ова се случува откако се воведе системот на плаќање преку трансакциска сметка. Власта не превзема никаква правна заштита. Тоа значи дека премолчано ги заштитува прекупците, дека се тоа луѓе кои работат координирано, во соработка со самата власт, посочуваат овоштарите

Ова стана неиздржливо, а не е ни дозволиво, рекоа земјоделците, производители на јаболка од Преспанскиот крај.

jabolkober Pre (1)

„Знам дека не ви е лесно, ја гледаме вашата мака. СДСМ, откако ќе ја добие честа да ја води државата, морално се обврзува, а ќе обезбедиме и соодветна законска заштита на овоштарите, државата да им помогне во обезбедувањето пласман и нормален живот, онаков како што заслужува секој граѓанин на Република Македонија“ рече Заев.

Посетата на престедателот Заев на преспанскиот регион продолжува во Ресен на средби со граѓаните. Во попладневните часови пак претседателот Заев е на средби со граѓаните на општина Долнени.