Патници во авион можеле да уживаат во неверојатните сцени на поларната светлина откако пилот го завртел авионот за сите да можат да ја видат спектакуларната глетка.
Пилот на easyJet извршил вртење од 360 степени над океанот во понеделникот вечерта во обид да се осигура дека сите патници имаат спектакуларен поглед на поларната светлина, пишува Independent.
Big thanks to the @easyJet pilot of EZY1806 from Reykjavik to Manchester who did a 360 fly by mid flight to make sure all passengers could see the incredible Northern Lights 🤩 pic.twitter.com/A4CHi9Hqgo
— Adam Groves (@APTGroves) February 27, 2023
Авион кој летал од Рејкјавик, Исланд до аеродромот во Манчестер добил птичја перспектива на неверојатниот природен феномен кој бил видлив на ноќното небо поради „минливи прекршувања на облаците“.
Фотографиите направени од патник во авионот покажуваат ленти од зелена, виолетова и розова боја низ ноќното небо.
Пилотите ја известиле контролата на летање за да се уверат дека ова завртување е безбедно.