Актерката Блејк Лајвли важи за една од жените со најдобар стил во светот.
Таа редовно привлекува внимание со својот стајлинг, а често го одзема здивот со фустаните на црвениот тепих.
Без разлика дали се работи за свеченост или „опуштена“ верзија – Блејк едноставно не може да погреши.
Така, таа со изборот на гардероба во неколку наврати ги потсети бројните фанови на хероините на Дизни.
Тие на социјалните мрежи ја споредија актерката со Пепелашка, Снежана, Елса, Бела, Ариел и други и коментираа дека Блејк во секоја ситуација зрачи со гламур на принцеза.