Поранешната македонска пејачка Ева Нединковска, која сека е успешна деловна жена, одлучи по вторпат да вплови во брачните води.
Ева го изговори судбоносното „да“ на својот избраник Филип. Таа објави идилични фотографии од романтичното запросување, а на нејзината рака блеска прекрасен прстен. Запросувањето се случило во прекрасната Будимпешта.
Во описот на една од фотографиите, Ева напишала – Кажав „да“ на вечната љубов.
View this post on Instagram
„ДА за заеднички живот во љубов, почит, слога и радост, со Христос во центарот!“, напишала среќната Ева во описот на фотографиите.
Инаку, Ева од првиот брак ја има ќерката Ена.
Најголемиот хит на Ева е песната „Енигма“, а видеозаписот за нумерата беше рангиран како број 1 речиси на секоја музичка листа во Македонија.