Познатата турска актерка Мерјем Узерли стекна светска слава со улогата на Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“.
Мерјем го маѓепса светот со својата раскошна убавина, а набргу по приказот на споменатата серија стекна голем број обожаватели ширум светот.
Сепак, од емитувањето на турската серија помина повеќе од една деценија, а популарната актерка периодов помина низ бројни животни кризи, од кои најголемата беше кога се бореше за своето здравје.
Познатата Хурем не го прифатила фактот дека старее, па направила естетски зафати, кои значително ѝ го промениле физичкиот изглед.
Многу обожаватели ѝ замерија на актерката што ја изгубила границата во разубавувањето, а претерала со естетската хирургија, лифтингот на лицето и ботоксот.
Една од нејзините последни објави привлече големо внимание, а тоа беше слика на која таа позира со врзана коса, а лицето ѝ дојде до израз уште повеќе. Коментарите беа поделени, па некои ѝ дадоа комплименти, а имаше и такви кои помислија дека Мерјем претерала и го сменила личниот опис.
Да потсетиме, актерката отворено проговори за тешките депресивни фази низ кои минувала откако поранешниот партнер ја напуштил. Поради проблеми со менталното здравје, актерката по обид за самоубиство извесно време била хоспитализирана.