ФОТО: Принцот Хари за првпат во јавност со малата Лилибет, која е негова копија

од Stefanija Kuzmanovska
440 прегледи

По повод Денот на независноста, недалеку од семејната куќа на војводата и војвотката од Сасекс во Монтесито, се одржа традиционална парада, на која овојпат ѝ се придружи принцот Хари со двегодишната Лилибет.

Бидејќи Меган Маркл и малиот Арчи ги нема никаде на фотографиите, се претпоставува дека на парадата по повод Денот на американската независност присуствувале само принцот Хари и неговата двегодишна ќерка, малата Лилибет. Додека ја држеше во раце, учествувајќи во парадата, Хари беше фотографиран од папараците.

На фотографиите јасно се гледа како малата Лилибет ги „собрала“ гените на татко ѝ, односно дека косата собрана во две кики е портокалова, исто како на Хари. За првата парада малечката носела сино-бел цветен фустан и бели чорапи до колена.

Но, она што особено привлекува внимание се црвените Mary Jane чевли на нејзините нозе, додека се обидува да се држи во прегратките на својот татко. Ако од некаде ви изгледаат познати, не се лажете.

Принцот Хари носел токму такви идентични чевли како дете. На фотографијата која може да се најде на Интернет, направена во далечната 1986 година, принцот Чарлс и принцезата Дајана позираат со своите момчиња, а Хари носи многу слични чевли во црвена боја.

Слични содржини