(ФОТО) Ракун јавна алигатор

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Шетајќи се низ шумите на центгрална Флорида маж успеал да направи необична фотографија – ракун изгледа како покорител на алигатор, бидејќи малата животинка го користи предаторот како возило, со стапалата цврсто на неговата глава. Ричард Џонс бил со семејството меѓу природата, објави ББС.Screen_Shot_2015-06-14_at_1.53.26_PM.0

Ричард е убеден дека неговиот син бил исплаѓен, кога се обидувал да направи фотографии. Фотографијата стана хит на интернет, откако беше објавена во неделата. Џонс рекол пред локалната телевизија WFTV дека “направил среќна слика, додека алигаторот спиел во водата и пред ракунот да скокне од него и да исчезне”.

Надвор од овие појаснувања, дополнил Џонс, на рамката изгледа како ракунот да го користи алигаторот како возило за да ја преминат реката.cropped

Сликата предизвика бура од хумористични коментари на интернет, како восхит во однос на ракунот владетел. “Ракунот, кој јава алигатор, е најверојатно нешто во Флорида по хипотекарните измами”, напишал Бенџамин Фрид, имајќи ја предвид во споредбата финансиската криза од 2007 година. Марк ДиСтефано побарал различен контекст на случката: “Понекогаш сте ракунот, друг пат станувате алигатор “. А Стив Дру признава дека фотографијата ќе биде дел од хит продукцијата на Холивуд и може да се појави во продолжението на „Чувари на нашата галаксија”.