(ФОТО) Роденденски лет заврши кобно: Се урна авион се урна во Словенија, загинаа три лица

од Илинка Илиоска
158 прегледи

Полициската управа на Мурска Собота во Словенија денеска соопшти дека мал спортски авион  Цесна се урнал во близина на локалното фудбалско игралиште, при што загинале три лица.

Словенечката агенција, повикувајќи се на пишувањето на локалниот портал Соботаинфо, наведува дека малиот авион се урнал во близина на селото Ганчани во североисточниот дел на Прекомурје.

Од полициската управа велат дека околу пладне биле известени за несреќата. Медиумите јавуваат дека во авионот требало да има четири лица, но едното не се качило во него. Авионот се урнал во близина на фудбалското игралиште Ганчани во Белтинци.

Наводно сите тројца биле жители на Прекомурје, и летот требало да биде роденденски подарок на еден од нив. Авионот полетал од Марибор, но наишол на густа магла, што е можна причина за падот на авионот.

Слични содржини