Фудбалерот Кристијано Роналдо на својот Инстаграм профил ја објави првата семејна фотографија по веста за смртта на новороденоиот син.
„Доме, слатки доме. Гио и нашето девојче конечно се со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за убавите зборови и гестови.Вашата поддршка е многу важна за нас и сите ја почувствувавме љубовта и почитта што ја имате кон нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за животот што штотуку го дочекавме“, напиша тој.
Веста за смртта на новородениот син на фудбалерот Кристијано Роналдо и неговата сопруга Џорџина Родригез ја потресе светската јавност.