228
Брук Шилдс е една од најомилените актерки во Холивуд откако првпат ја запознавме во 1980 година, како главен лик во филмот „Сината лагуна“. На почетокот на оваа година на фестивалот Санденс, таа ја преиспита својата кариера и го претстави својот документарен филм „Pretty Baby: Brooke Shields“, каде призна дека била жртва на силување.
Таа на 57 години може да се пофали дека сè уште е икона на стилот и убавината и ѝ се восхитуваат на секое јавно појавување. Овој март таа не изненади на галата за жени на годината во розова боја од глава до пети.
Актерката избра облека составена од панталони со висок струк, кои ги комбинираше со топ во иста боја во стил на градник. Сепак, златната чанта внесе динамика во ова издание.